петок, 9 април 2010 г.

Пет-часовен LOST финален настан на ABC

ABC навистина се труди околу финалето на Lost.

Откако неодамна беше објавено дека по последната епизода, продуцентите на Изгубени (Демон Линделоф и Карлтон Кјус) ќе настапат во лејт-најт шоуто “Jimmy Kimmel Live”, вчера излезе уште понова информација која вели дека ПРЕД двочасовното финале на 23-ти мај ќе имаме исто така двочасовна пред-забава со клип-шоу во кое ќе ни бидат објаснети најважните детали од изминатите шест сезони од серијата.

Тоа значи дека големиот LOST настан на 23-ти мај (недела) ќе започне во 19 часот, со двочасовно клип шоу, ќе продолжи од 21 часот со двочасовното ФИНАЛЕ на серијата и најпосле, по сево ова, ќе следува и специјалното издание на “Jimmy Kimmel Live” (насловено Lost: After the Final Rose) од 23:35 со продуцентите како ексклузивни гости.

Кај нас шоуто започнува во 1 часот навечер в недела, а како и преку цела сезона, така и за финалето ќе имаме посебен пост со линкови за гледање на епизодата во живо. Патем, да не заборавам да ги пофалам ABC. Одлично се организирани и не се сомневам дека како што треба ќе ја испратат Lost, како една од своите најпознати и најквалитетни серии, во „пензија“. Што и не е за чудење ако се има во обзир дека една реклама за време на последната епизода ќе им инкасира ни помалку ни повеќе туку $900.000 во касата. :)

Ќе биде тоа убав, но и многу тажен ден (ноќ) за фановите на Изгубени…

Извор за веста: The Wrap

П.С. Очекувајте теории во текот на денов за последната епизода. ;)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)