Во едно интервју од пред неколку години процуцентите Демон Линделоф и Карлтон Кјус ни открија дека Винсент е единствениот „лик“ од серијата за кој можеме да бидеме сигурни дека ќе преживее до крајот. Арно ама, Лостич, после цели 11 изминати епизоди во последнава сезона во кои кучето ниту еднаш не се појави констатираше дека Винсент сигурно умрел, веројатно за време на експлозијата на бомбата или слично! Значи, прашањето ми е – како не им е срам на сценаристите?! После ваков кикс, мислам дека е веќе време да се здружиме сите заедно и да им го викнеме Чудовиштето! Не за друго, за џабе ги потрошивме овие шест години мислејќи дека Винсент ќе преживее!!!
Во другите вести – на Хаваи веќе се готови подготовките за забавата која ќе се случи во чест на последната капка пот која ќе падне на сетот на Lost. Овие слики се од местото “Kaaawa” каде што ќе се одржи истата… Уживајте во прекрасната глетка…
Извор за сликите: Ryan HawaiiWeblog

0 коментари:
Објави коментар