Ги сакам бидејќи :
1.Даваат добри серии (LOST,CSI...)
2.Ни ја прикажуваат најдобрата и најинтересната фудбалска лига - Англиската Премиер Лига
3.Прикажуваат добри филмови (како Matrix на пример)
4.Имаат добри емисии - на пример Ентер
5.Кога си мислиш дека нема ништо на ТВ, вртиш на А1 и се маваш по главата бидејќи си сакал претходно да го исклучиш телевизорот!
Не ги сакам зашто:
1.Даваат реклами за нови серии, а „новата“ серија е стара пет години! (According to Jim (2001 прва сезона)
2.Нивниот телетекст работи 10 дена,а потоа го снемува!
3.Даваат цртани за кои велат дека се исто добри колку и South Park и The Simpsons (лажат комунистите!)
4.Ќе дадат одеднаш неколку сезони по ред и потоа ќе почнат да се влечат,давајќи ги еднаш неделно (а по можност и месечно) и искористувајќи ја секоја можност да не ја дадат следната епизода оваа недела туку следната!
5.Ни удоволуваат за се, а сепак не сме задоволни!

0 коментари:
Објави коментар