четврток, 26 април 2007 г.

Сезона 2 епизода 21

Оригинално име : ? - Flashback : Еко


Го гледаме Mr.Eko како сече дрва на плажата, продолжувајќи да ја гради својата црква. Во еден момент Ана-Лусија се појавува и го прашува што гради. Еко веднаш и ја објаснува ситуацијата, како црквата му се појавила во сон и му „наредила“ да започне со нејзино градење. Таа одговара – „Сон ист каков овој?“. Тогаш Еко забележува дека Ана целосно крвари, а таа му вели декамора да му помогне на Џон“. Еко тогаш се наоѓа себеси како седи во The Swan станицата, заедно со својот брат Јеми кој седи на столицата до компјутерот. Јеми му објаснува дека Лок го загубил својот вистински пат, и дека Еко треба да го однесе дознакот. Тој исто му кажува дека би било добро да понесе и секира. Собата во тој миг почнува страшно да се тресе. На тајмерот се појавуваат црни и црвени прашалници . Впрочем целата соба е покриена со прашалници.
2X21-QuestionMarkTimer.jpg
Во тој миг Еко се буди испотен до Чарли кој го прашува – „Што е проблемот?“.
Акцијата тогаш се враќа на крајот од минатата епизода. Лок, Соер, Кејт и Џек ги гледаме како одат низ шумата, Мајкл излегува од окното тврдејќи дека бил пукнат во рамото од човек кој не го познавал. Соер открива дека Ана-Лусија и Либи претрпеле повеќе штета од Мајкл. Кејт го проверува пулсот на Ана и му кажува на Џек дека е мртва. Либи тогаш исфрла крв од устата и Џек веднаш ја носи на креветот за да се обиде да ја спаси. Камерата се врти кон Мајкл кој е целиот во шок и незнае што да прави; ако Либи е жива ќе каже што направил. Џек инсистира тие да одат по трагите на „Хенри“, а Мајкл вели дека тој заминал час и пол порано. Соер пак му противречи на Џек да остане и да се обиде да ја спаси Либи. Еко се појавува и се понудува во наоѓањето на Хенри, заедно со помошта од Лок.
И двајцата одат да го бараат иако Еко го носи лок на пат во кој нема никакви траги од Хенри. Лок тогаш одлучува да се врати назад, но Господин Еко не го пушта и му вели дека ќе мора да го однесе до прашалникот. Откако Лок ќе се побуни Еко го удира и тој паѓа. Подоцна Џон ќе се согласи со скептизам да го следи него бидејќи Ана му го кажала тоа во сон. Еко го осетил тоа и го прашал – „Дали ти некогаш си следел сон, Џон?“. Подоцна откако двајцата се расправаат за прашалникот кој Џон го видел, Господин Еко наоѓа една од статуетките.
Назад во окното Мајкл прашува дали Либи ќе биде добро и дали нешто кажала. Џек му одговара дека таа е сеуште во шок. Соер откако е приморан да им ги даде оружјата ја носи Кејт за да и покаже каде ги крие. Кога тие ќе стигнат до својот шатор Харли се доближува и ги прашува дали ја виделе Либи; по изразот на нивните фаци ја дознава ситуацијата. Во сон, Јеми се појавува пред Еко и посочува како тој паѓа од карпа. Во тој миг му кажува на Лок – „Разбуди се Џон“. Тој веднаш се буди исплашен од кошмарот. Откако му го раскажува сонот на Еко тој дознава дека во сонот пак се појавил неговиот брат Јеми, а Џон ја знае точната локација. Така Лок го води Еко до местото кадешто треба да се качи. На половина пат, за малку ќе паднел, но за среќа се задржал. Потоа стигнал до врвот без проблеми. Откако ќе погледне од горе, Еко забележува дека нема ништо. Сепак кога ќе се сврти накај Лок здогледува голем прашалник кој се простира од паднатиот авион кадешто Бун умре. Во него Еко ќе го види својот брат. Кога малку ќе го подигне авионот наоѓа железна врата која води кон друго окно. Двајцата влегуваат во собата која има електрична енергија. Во неа има многу маси и девет телевизори. Кога Џон ќе ги уклучи се појавува внатрешноста на The Swan станицата; Џек минува под камерата.
2X21-LockeMonitorSwan.jpg
Лок исто така наоѓа и друга камера – на местото кадешто го виде прашалникот. Освен тоа тој ќе најде и компјутер и кога ќе го уклучи се појавува : >: PRINT LOG? Y/N. Џон впишува Y (што значи yes) и потоа се гледа извештај за тоа колку пати го притиснале копчето. Еко пак наоѓа уште еден ориентационен филм – „Station 5 – The Pearl“, кој бил направен за да ги набљудува другите станици и да ги запишува нивните постапки за кои веруваат дека биле од голема важност. Лок тогаш комплетно се откажува од притискање на копчето, а Еко уште поверувал дека треба да се притиска копчето на секои 108 минути. Џон го зема извештајот и двајцата си одат. Назад во окното, Џек неможе да го спаси животот на Либи. Нејзиниот последен збор е „Мајкл....“, кој Џек го сфаќа како знак за грижење по неговиот живот, а не како знак за опасност. Кога тој за последен пат ќе ја погледне му изгледа многу исплашена. Таа умира во рацете на Харли кој вели : „Извини што ги заборавив ќебињата.“ Соер ја теши Кејт (која почнува да плаче), Лок и Еко се враќаат во кампот, Мајкл гледа кон компјутерот, чиј аларм почнува да се огласува.....

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)