среда, 18 април 2007 г.

Сезона 2 епизода 20

Оригинално име : Two For The Road - Flashback : Ана Лусија

Од оваа епизода ќе ви ги давам сите настани коишто ви следуваат и ќе ги гледате на А1, освен флешбековите на ликовите! Затоа за оние кои ова сакаат да го видат со „свои очи“ SPOILER WARNING!!! 45px-Nuvola_warning.png

Ана Лусија се грижи за заробеникот. Таа го распрашува за разни работи и го нарекува убиец, а кога тој ќе направи чуден тон таа се приближува и е нападната. Хенри извикал: „Ти уби двајца од нас“, „а тоа беа добри луѓе“. Погледнувајќи наоколу Хенри извикува - „Ти си убиецот Ана-Лусија!“. Во следниот миг Лок влегува и ја спасува со тоа што го удира Хенри во глава.
henryattack.jpg
Џек и Кејт го носат Мајкл назад во окното. Во исто време, Харли му го дава радиото на Саид за да го поправи;тој се надева дека ќе ја импресионира Либи со тоа што ќе го „глуми“ херојот од филмот Say Anything . Саид му дава идеја за пикник и му кажува за плажата на која ја однел Шенон. Харли и Либи одат кон самата плажа, но Харли изгубил ориентација и така тие се вратиле од таму кадешто тргнале. Либи тогаш му сугерира да имаат пикник таму,но Харли ги заборавил кебињата. Поради тоа Либи тргнува накај окното, а Харли извикал дека „Додека да се вратиш можеби ќе ми текне од кај те знам!“
Ана Лусија двапати му бара на Соер пиштол. Првиот пат Соер и рекол на Ана да го повика својот другар Џек бидејќи „тој има пиштол“, но тогаш тој се присетува дека Џек е сеуште со Кејт. На тоа Ана-Лусија саркастично му додава - „Со твојата девојка“, а Соер и вели да и се тргне од патот. Ана-Лусија не се предава и сеуште го следи Соер како оди низ џунглата. Тој ќе ја забележи неа и повторно ја уверува дека нема да и даде пиштол. Одеднаш Ана го легнува на земја, притоа почнувајќи страстно да го бакнува...Откако сето тоа завршило таа му рекла на „никој да не му кажал за сексот помеѓу двајцата или ќе го убие“. Назад во окното Лок го прашува Хенри зошто кога бил заробен под железните врати тој не го нападнал? На тоа Хенри одговара дека „не ја исполнил зададената мисија откако Русо го заробила“. Лок го прашува која била мисијата, а Хенри изненадно одговара - „да те земам со мене“... „Ти си еден од добрите Лок , затоа не те нападнав... но сега кога не успеав сум сигурно мртов... или вие или „тој“ ќе ме убие“. Тој уште додал дека неговиот лидер бил добар човек,но воедно и човек кој не простувал грешки. Во исто време Мајкл им кажува на своите пријатели дека ги пронајдол Другите и дека има 22ца кои живеат дури полошо и од нив. Им објаснил и дека имаат окно слично на ова кое го чуваат 24 часа на ден со двајца вооружени луѓе. После советувањата помеѓу Лок и Џек тие одлучуваат дека е крајно време да ги земат пиштолите од Соер. Кога доаѓаат кај него тој читал списание, кое Џек го фрлил во оган и веднаш му ги побарал пиштолите. Кога Соер се фатил за џебот сфатил дека Ана-Лусија му го земала... притоа предупредувајќи ги за нападот кој ќе го направи Ана.
2X20_AnaLuciaIsland.jpg
Во окното во истото време, Ана му дава на Хенри нож за да се одврзе. Тој го прави тоа, а таа го насочува својот пиштол кон него. Подоцна таа е прикажана како седи сериозна. Мајкл почнува да збори со неа, и таа му кажала за Хенри, како тој се обидел да ја убие,а како таа не можела да го убие него. Тогаш Мајкл го бара пиштолот за да го стори убиството тој, но наместо тоа тој извикува „Извини“, и пука во Ана-Лусија убивајќи ја на место. Во истото време Либи влегува, држејќи ги кебињата за пикникот со Харли. Мајкл запрепастен и исплашен ненадејно пука и во неа но овојпат не е сигурно дали е мртва или не. Тогаш тој ја отвара вратата кадешто е затворен Хенри. Мајкл пука во своето рамо, а Хенри изненадено стои во место.

michael2x20.jpg

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)