сабота, 14 април 2007 г.

Nielsen Media Research згрешиле во однос на рејтингот на серијата!!!

Не е тајна дека по преместувањето на шоуто од 21:00 во 22:00 часот изгубија милиони гледачи. Секој којшто ја следеше серијата и знаеше многу факти за неа знаеше дека сето тоа е поради новиот термин . Откако сето тоа помина, како и да е, телевизијата ABC почна да прави анкети надвор од домовите и притоа дозна дека сите оние кои гледале LOST верувале или не, воопшто не престанале со гледање на серијата, туку само „самите го смениле“ нејзиниот термин! Рејтинзите ги истражувале и сеуште ги истражуваат Nielsen Media Research кои сметале дека доколку серијата не се гледа до 3:00 AM тогаш вие воопшто не сте ја гледале... Во четвртокот тие изјавиле дека за да се сметате како гледач треба да ја „гледате истата вечер“ и откако ABC и самата екипа на LOST се пожалиле, заради фановите кои неможат да останат покасно од 10 часот навечер и кои ја гледаат серијата преку викендите (реприза). Ако пак LOST бидат повторно „рејтингувани“ со „live plus 7“ моделот, кој ве брои како и гледач било вие дали сте ја гледале премиерата или не, Изгубени повторно би ја имале бројката со која станаа меѓународна легенда помеѓу сериите. Тие тогаш би имале уште најмалку 5 милиони гледачи (вкупно околу 17 мил.) во текот на целата трета сезона имајќи предвид дека имале 12 милиони низ цела година... LOST во тој случај ужива 24% повеќе гледачи во оваа категорија пред неговиот најголем конкурент Heroes. Секако оваа вест не би значело ништо освен кревање на носот доколку сте од Американската Телевизиска Мрежа (ABC) бидејќи Изгубени веќе и придонесоа на оваа телевизија големо зголемување на гледачи што се однесува за време од 22 до 23 часот навечер.

nielsenmediaresearch.gif

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)