Џ.Џ. Абрамс ко-креаторот на SF хит-серијата на АBC - LOST, во пресрет на финалето на Сезона 2 (која завршила на 24 мај 2006 год.) изјави дека ќе гледаме шокирачки крај на оваа сезона. Оваа година ќе има пошокирачки крај дури и од првата сезона! Абрамс ,кој во тоа време имаше задача со дирекцијата на филмот Mission: Impossible III, додаде дека ко-креаторот за серијата „Изгубени“, Damon Lindelof, има крај кој дури и него го изненадил... „Можам да ви се пофалам дека Линделоф направи интересна завршница“. „Оваа година ќе го исфрли рејтингот на минатото финале, можам да ви кажам дека завршницата ќе има голем контакт со целосниот почеток на сезонава. Нема се да биде перфектно, но тоа што ќе се случи на крајот на сезонава, за мене, ќе биде најдоброто финале за кое што некогаш сум слушнал.“
Откако Абрамс во мај минатата година го заврши филмот Невозможна Мисија 3 изјави дека ќе се врати во LOST,иако, во исто време ќе се обиде да ги прави и двете работи заедно (односно серии и филмови).
На прашањето дали е можно да се направи филм од „Изгубени“, Абрамс насмевнато одговара - „Мислам дека го правиме во секоја среда“ (мислејќи секако на американскиот термин). Нашата амбиција беше секоја недела да правиме мал филм... и во тоа засега успеваме“
Финалето на втората сезона од „Lost“, „Live together, die alone“ во САД беше прикажано на 24 Мај 2006 година 9/8 central на ABC. Вкупно го гледаа 24 милиони гледачи!
0 коментари:
Објави коментар