Смрт 1. - Чарли Пејс
Ова можеше да се предвиди уште во осмата епизода кога Дезмонд ја кажа својата тајна. После тоа излегоа многу шпекулации дека неговиот актинг не бил доволно впечатлив и сл. Како и да е тој според трачевите умира хероично спасувајќи друг живот. Некои велат дека ќе се удави.Tој сигурно нема да се појави во четвртата сезона бидејќи во филмската интернет датабаза Imdb го нема во актингот во последната епизода!
Смрт 2. - Саид Џарах
И ова кружело насекаде низ Америка, но поради трачевите за Чарли малкумина знаеле за смртта на Саид. Актерот беше малку запоставен сезонава со само една негова флешбек епизода и од таму доаѓаат шпекулациите за неговата смрт. Според DarkUfo блогот тој умира во Финалето на Сезона 3 во тепачка со Другите.
Смрт 3. - Кејт Остен
Доколку ова се оствари ќе се предизвика голема изненаденост помеѓу сите фанови. Сум слушнал дека таа ќе умре од пријателски оган предизвикан од Џек!!! Мене Кејт ќе ми недостига најмногу, а верувам и на повеќето кои го посетуваат блогов!

0 коментари:
Објави коментар