„Lost : Reckoning“ или пак на македонски „Изгубени : Пресметка“ било прикажано на 26 април 2006 година . Ова е уште една посебна клип епизода во пресрет на последните пет епизоди од втората сезона на Изгубени . Преживеаните од Oceanic Flight 815 биле и сеуште се заклучени во тест на верба откако паднале на островот . Откријте како овој тест влијаел и на двата дела - средната и задната секција на преживеани .
Дали сте човек од вера или од наука? Оваа дилема ги дели карактерите на островот . Откријте како верата во кон окното го принуди Лок да најде влез , и како неговото наоѓање на Дезмонд го натера да поверува дека треба да го притиска копчето на секои 108 минути за да ги спаси сите преживеани . Ќе можете да ги видите и емоциите на Мајкл кои постојано го влечат во мисија за наоѓање на Волт , борбите на задните патници за преживување на првите 48 дена на островот преку нивната колизија со другите преживеани , недоразбирањата со затвореникот Бен (или Хенри Гејл) заедниците и разните спротивставености на изгубените со „Другите“ кои сите ги доведуваат во состојба да не знаат во што да веруваат. Доаѓајќи се до привлекувањата помеѓу Харли и Либи кои почнуваат да одат на „состаноци“ , големата љубов и нејзината плод на Сан и Џин , се до недоразбирањата кои ги имаат Соер и Џек - поради нивните емоции кои сеуште не ги изразуваат кон Кејт... Сето тоа денеска на А1 од 21:00 !

0 коментари:
Објави коментар