сабота, 28 април 2007 г.

И двете страни од „Атлантикот“ на чекор до крајот...

Како што гледате од насловот епидемијата наречена „Борис Пауновски“ ме зафати и мене... Постов незнам како, но откако вчера го напишав исчезнал(изгледа он.нет! имаат проблем со НЛО). Да почнеме со нашата страна на „Атлантикот“. Следниот четврток на А1 ќе биде прикажана претпоследната епизода, по која ќе следува финалето кое оваа телевизија најверојатно ќе ја прикаже два четвртока (бидејќи трае 80 минути). Епизодата „Three Minutes“ ќе ни ја открие тајната за потпкупот на Мајкл од страна на „The Others“. Таа ќе ни открие неколку тајни, но сепак ќе отвори и нови! Сепак не смеете да ја пропуштите бидејќи е претпоследна од втората сезона. Во исто време пак во САД беше прикажана епизодата D.O.C. која започна катастрофално, и се мислеше дека на истиот начин ќе заврши...се чини дека оние што се откажаа уште на почетокот и го свртија каналот изнервирани многу зажалија! За оние кои не ја следат третата сезона им препорачувам да го тргнат постов од своите очи во наредните две секунди. Еве што се случи на крајот од епизодата накратко. Откако Изгубените најдоа уште еден преживеан (падобранец) почнаа да ги земаат сите потребни продукти. Во еден миг падобранката Наоми се буди и го здогледува Харли како стои над неа . Таа веднаш го прашува - „Каде се наоѓам, кои сте вие?“. На тоа Харли одговара со „Ние сме преживеаните патници од Oceanic Flight 815“. На тоа Наоми исплашено одговара - „Но...тоа..е...невозможно! Тие го најдоа...авионот...и немаше преживеани!“. Харли само изненадено извикува „Што“ и епизодата завршува. Во секој случај третата сезона се движи кон крајот и A1 би сакал доколку имаат време (и пари кои ги трошат на цртани кои одат во ударен термин од 12:00 до 1:00) да ги купат правата, бидејќи веројатно тие ќе опаднат по завршувањето на сезонава. Сега исто така би ги прашал и сите кои велеа дека третата сезона е катастрофа дали биле и сеуште се во право?
D.O.C. rating.jpg
D.O.C. имаше рејтинг 4.03 (10 место)
No_survivors.jpg
Наоми, девојката која не остави шокирани...

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)