Беше ли менувањето на шемата на ABC причината за паѓањето на рејтинзите на „Изгубени“ ? Naveen Andrews , кој го игра Саид во хит серијата на ABC , изјавил за Sci-Fi Wire дека неговата екипа го разгледува прашањето за покасно стартување на четвртата сезона на LOST , односно околу Јануари , како што порано било направено со „Alias“ и Foxовата серија „24“ .
„Верувам дека тоа е планот“, рекол Ендрујс во новото интервју. Оваа година (сезона) , LOST имаше премиера која повторно ја достигна бројката од 20 мил. гледачи , но подоцна по големата пауза од 13 недели овие 20 милиони паднаа на 13 ... Додека шоуто привлекува нови гледачи , во исто време губи исто толку! Исто така Изгубени беа преместени во нов (полош) термин , среда 10 часот central , што исто така можело да биде и фактор за губење на гледачи . За ова Ендрујс рекол - „Сакам шоуто да стартува порано , како што било и порано бидејќи најмногу гледачи биле децата , нели?“ . Има и други фактори како што се на пример се помалкуте епизоди наменети за Кејт , Џек и Соер.
„Саид оваа година треба да биде повеќе застапен“ - рекол Naveen. „Навистина сум задоволен и горделив на тоа што го направивме во првата и втората сезона ... Мислам дека се што сум го вложил во Изгубени е навистина добро и не би сакал да ја напуштам серијата или пак мојот лик да умре! Сепак тоа е желба на креаторите и тие ќе одлучат што да прават.“
Додека не настапувал во LOST , Ендрус снимил нов филм (sci-fi/horror) „Grindhouse“ , кој од денес се прикажува во кината

0 коментари:
Објави коментар