Оригинално име : Fire+Water - Flashback : Charlie Pace
Чарли е очаен што Клер се повеќе се зближува сo Лок и му недостасува Арон. Харли се вљубува во Либи, а Соер и Кејт гледаат дека Џек и Ана Лусија се зближуваат. Додека свири гитара, Чарли слуша плачење на бебето и ја гледа лулката во морето. Кога ја извлекува лулката, сфаќа дека тоа е сон. За да го тргне Лок од Клер, тој бара помош од Еко и се потсетува на своето минато со бендот и пријателот Лијам, кому бракот му бил во криза. Но, Лок ќе го изненади Чарли кога му кажува дека знае се за него, а тоа само ќе го поттикне Чарли уште повеќе да се бори за Клер.

0 коментари:
Објави коментар