Оригинално име : „Dave“ - Flashback : Хуго „Харли“ Рејес
Харли сака да се откаже од јадењето и во тоа му помага Либи, но откако тој ќе ја уништи целата храна, групата наоѓа нови залихи. Нему почнува да му се причинува, Дејв, неговиот измислен другар од болницата и се потсетува како Дејв го убедувал дека не треба да биде на диета. Во бес, Харли ќе се степа со Соер, кој го навредува и решава да ја напушти групата. Но, повторно налетува на Дејв кој го носи на работ на една карпа за да се фрли во морето. Хенри му кажува на Лок дека не го притиснал копчето за да се отвори вратата. Харли се зближува со Либи.

0 коментари:
Објави коментар