Една од најпознатите и најомилени ликови во Изгубени Евангелин Лили изјави дека ќе ја напушти серијата доколку фановите не ја остават на мир ... Актерката не може да отиде никаде без присуство на папараците и на фановите и затоа размислува за заминување од серијата . Лили , која излегува со актерот од LOST Доминик Монањан вели : Јас сакам да имам приватност во животот и многу ме изцрпува кога некои луѓе ме следат насекаде . Луѓето ме знаат или пак мислат дека ме знаат . Ако работам , ако останам анонимна , ако заработувам исто никогаш не би го напуштила шоуто . Ова не е прв пат Лили да се пожали за папараците . Претходно признала дека би отишла на одмор кадешто никој не би ја знаел и каде би можела вистински да одмори . Исто додава :- Би отишла негде кадешто луѓето не гледаат LOST на пример во Монголија или Тумбукту . Незнам за вас , но за мене заминувањето на Евангелин Лили од Изгубени би значело крај на серијата ...
0 коментари:
Објави коментар