петок, 30 март 2007 г.

Dave

Во институтот
Во епизодата „Dave“ (прикажана вчера на А1) , Дејв е пријател на Харли во Санта Роза Менталниот Болнички Институт . Докторот на Харли мислел дека Дејв бил лоша инспирација за Харли со тоа што не сакал да изгуби неколку кила. Доктор Брукс земал фотографија од Харли заедно со неговата рака околу Дејв . Подоцна тој ќе му ја покаже оваа фотографија . Дејв го нема во неа , а раката на Харли стои во воздухот ! Харли одбил да избега од болницата заедно со Дејв и затоа го заклучил надвор од зградата . Подоцна самиот тој открил дека целата терапија почнала да оди многу побрзо ... Откако повторно се сретнале на Островот Дејв успеал пак да го убеди Харли дека тој не бил вистински човек , но бил делот од него кој сакал да го „ослободи“ од сонот . За да му го потврди сето тоа му објаснил дека после неговото бркање од болницата , тој воопшто не се разбудил туку цело време живеел во сон (кој го живеел и во овој миг) . За се тоа да испадне вистина му ги спомнал и броевите со кои играл , а кои притоа биле на Леонард , тајмерот кој ги користел истите тие броеви и на крајот му кажал дека никогаш девојка како Либи би се заљубила во него !

На Островот
Дејв на островот бил првпат и последен пат виден од Харли додека Изгубените ја собирале храната од падобранот . Додека Дејв бегал од него изгубил папуча која подоцна Харли ја држел во своите раце пред Либи , која пак му рекла дека во ниту еден миг не го видела со папуча в рака . Тој бил некако поврзан со Харли бидејќи го удирал со кокос , исто како што било и во институтот меѓутоа ова можело да биде и една халуцинација која се одвивала само во главата на Харли . Дејв го однесол Харли до карпа на која го поздравил со омилената фраза на Дезмонд – Cya in another life! и притоа се фрлил во морето . Харли доколку во тој момент не се појавела Либи веројатно ќе завршел со својот живот ... Од оваа епизода постои уште една мистерија : Дали сето ова што им се случува на Изгубените е халуцинација на Харли ?!

Dave.jpg

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)