вторник, 13 март 2007 г.

The Staff

The Staff е уште една Dharma Initiative станица . Се чини дека таа е медицинска станица . Клер била донесена таму откако ја киднапирал Итан . Во тоа време , целата станица се припремала за последната „битка“ со Клер за земање на бебето . Откако таа успеала со помошта од Алекс Русо да избега , станицата била напуштена . Таа била подоцна повторно посетена од Клер , заедно со Кејт и Русо ... Името на станицата и локацијата биле првпат прикажани на blast door мапата (за неа подоцна) . Никаков посебен Staff филм бил пронајден за разлика од The Swan и од The Pearl станиците , а освен тоа немало ни карантин знак на вратата . Вкупно седум врати имало во внатрешниот коридор . Имало двојна врата која водела кон собата за прегледи , две врати кои воделе кон ординацијата, врата која одела до заклучена соба , две врати кои се поврзувале и оделе една кон друга до некои непознати соби и конечно врата наречена „Escape Hatch“ . Непознато е каде Escape Hatch вратата оди , или дали е стварно излез од станицата . Откако била напуштена самата станица изгледала оштетена . Во собата за прегледи Клер често била прегледувана од Итан .... Додека пк во ординацијата Клер била чувана за време на нејзиното киднапирање . Се чини дека ова било местото кадешто Арон би ги поминал своите најрани години од детството . Освен целиот мебел кој бил виден во таа епизода , исто така биле видени и играчки од Oceanic авиони кои биле наменети за Арон . Тие играчки биле истите кои Клер ги сонувала пред да биде киднапирана . Имало и макета од бродот со кој Волт бил киднапиран . Една од собите кадешто имало многу работи кои ги оставиле Другите била Locker собата која се состоела од различни предмети кои ги оставале тие . Во неа имало и многу Дарма логоа кои биле поставувани на шкафовите ...
Кејт испитала една од овие шкафови и во нив нашла интересни предмети како што е на пример капата на Зик (Mr.Friendly) . Освен вакви работи биле пронајдени и лажни мустаќи , кафена торба во која имало разни работи кои им припаѓале на Дарма членовите .

The_staff_logo_Dharma.jpg

800px-Med_station_corridor2.jpg

Locker_room.jpg

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)