Во следната епизода Русо ќе им го предаде „Хенри Гејл“ на Изгубените . За него веќе дознавте преку мојот блог (http://lostseries.blog.com.mk/node/71216) . Сепак како и да е по стоти пат ве предупредувам Spoiler Warning доколку не сакаш ова да го дознаеш пред да го видиш со свои очи !
Значи „Хенри Гејл“ тврдел дека патувал со балон којшто му се срушил на островот . Исто така им тврдел на Изгубените и дека со своите раце ја закопал својата жена . Саид не му поверувал во неговата приказна и затоа заедно со Ана-Лусија и Чарли отишол сето тоа да го провери ... Тие го пронашле тоа што го зборел Хенри , но Саид бил толку неуверен што го ископал гробот на „жената“ и успеал да го земе новчаникот на човекот . Оттаму тој дознал дека човекот кој бил во гробот бил вистинскиот Хенри Гејл , кој бил убиен од сеуште непознати причини . Како и да е Изгубените дознале дека бил убиен од некој кој им припаѓал на „Другите“ .

0 коментари:
Објави коментар