Алекс била грабната од страна на The Others кога имала само една недела ! После 16 години , таа видела дека Другите грабнале една непозната девојка , подоцна таа ќе дознае дека таа била Клер , бремена девојка која според плановите на Итан требало да ја породат да и го земат бебето и на крај да ја убијат !
Затоа Алекс дента кога сето тоа требало да се случи ја разбудила Клер и по кратко објаснување за нејзината ситуација таа почнала да сфаќа . Сепак сеуште давала отпор па Алекс ја издрогирала , ја исфрлила од The Staff Station (за лекарски операции) и и рекла дека еден ден ќе и се заблагодари за тоа . Таму Клер заспала .... На 52 ден од паѓањето на авионот додека се случувал конфликтот помеѓу Другите и истражувачката група „на“ Џек кога се обидувале да го најдат Мајкл , Том (Mr. Friendly)ја повикал Алекс за да ја донесе заробената Кејт . Сепак Алекс го убедила Пикет да ја донесе неа , со тоа таа успеала да поразговара на кратко со Мајкл . Тогаш го прашала Мајкл дали Клер и нејзиното бебе се добро . Мајкл бил целиот заврзан и зачуден и не можел да одговори .
По овие ситуации и случки може да се заклучи дека Алекс не била вистинска „Друга“ и дека таа им се спротивставувала на нејзините „другари“ . Таа е една од членовите кои се потиштени и кои не сакаат да бидат крадци ... Заради тоа во третата сезона ќе се откријат различните мислења и разните спротивставености на „Другите“ кои самите ќе се постават во една лоша ситуација ...

0 коментари:
Објави коментар