За време на „Lockdown“ епизодата чуден женски глас се огласил на спикерот , завршувајќи со броење до нула . Тој звук можел да се слушне насекаде низ окното преку посебен систем . Женскиот глас (одигран од Lynnanne Zager) го рекол следново : „23 минути до заклучување“; „17 минути до заклучување“; „Ве молам продолжете ... протокол ... ве молам продолжете...“ . Железните врати (blast doors) се спуштиле (но, не во исто време) , одделувајќи го едниот дел од окното од другиот ... Енергијата на светлата била преполовена па често тие трепкале . Кога тајмерот достигнал до нулата без комплетирањето на протоколот , светлата почнале да се гасат и чуден механички свук почнал да се слуша . Во исто време се уклучиле различни сетови на ултравиолетови „црни светла“ кои оделе вертикално во исто време со краевите на бункерот кои заедно создаваат кодирана мапа на островот на една од железните врати ! После сето ова бројачот од окното се ресетирал повторно на 108 минути , а целата енергија се вратила 20 секунди подоцна притоа враќајќи ги железните врати на нивното место . Во речиси истото време на инцидентот , голема палета на Дарма производи биле фрлени долу на островот , со многу храна , близу до влезот на бункерот . Ова се чини дека било цела процедура која некако се поврзувала со случката во бункерот . Како што се видело и на blast door мапата : „ACTIVITY MINIMAL DURING LOCKDOWN AND RESTOCKING PROCEDURES“ .
Вратите биле така наместени што го затвориле делот само во кој бил компјутерот , а сите други соби биле отворени ... Тие седеле во таа позиција околу 24 и пол минути !!!

0 коментари:
Објави коментар