вторник, 13 март 2007 г.

The Others - Dharma или ? Нивниот лидер - обичен човек или ?

Внимание ! Можни спојлери

  • Конекции со Dharma :
    Михаил Бакунин еден од Другите , ја дршел станицата "the Flame" која била наменета за комуникации помеѓу сите станици . Додека комуницирал со другите членови тој повеќе ги носел облеките од Дарма Иницијативата и најверојатно бил и последниот член од Dharma тимот на островот . Кога Саид и неговата експедиција (Сезона 3) ја откриле станицата „The Flame“ , и Михаил сосе неа , тој им открил дека сите луѓе од Дарма умреле во борба против „Непријателите“ , исто познати и како „the purge (прочистувачи)“ . Исто ги уверувал Изгубените дека на Островот дошол во 1993 година со подморница . Исто им спомнал и дека „Непријателите“ биле многу долго време пред нив на Островот . Сите овие информации биле кажани пред самиот тој да се претстави како еден од Другите , па затоа е непознато дали ја кажувал вистината или не . Подоцна во станицата била пронајдена и Bea Klugh , откако дошла до станицата со коњ веројатно за да го предупреди Михаил дека Изгубените доаѓаат .
  • Лидерство :
    Се чини дека фактот што се срушил авион , направило некои размени во силата и во стратегијата на Другите . Џулиет направила повеќе искази кон демократијата како важни работи со кои таа и Другите живееле . Бен веќе бил потврден како нивен „локален“ лидер . Тој ја имал харизмата и силата да ги присили луѓето да веруваат во него , но исто така имал и големи кавги со Џулиет кои биле поради нивните различни (која секогаш завршувало со помирување поради нивната - утописка - демократија) . Поради тоа Џулиет му предала видео на Џек со кое се видело дека „Некои од нас сакаат проблеми“ што значело дека таа не се согласувала со Бен , и мислела дека е опасен .
  • 3X05_BenJuliet.jpg3X01_TheOthersOtherville.jpg
    Minor_Others.jpg

    0 коментари:

    Објави коментар

    Google Translate

    You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)