Причината и намерата на оваа процедура е сеуште непозната , иако оваа процедура можела да се направи и мануелно како што успеал да направи Дезмонд . Тој регуларно го измамил целиот систем заедно со својот партнер притискајќи на едно копче при што целиот отвор се забарикадирал ! Скриената мапа се чини дека била мапа на еден дел од Островот . Мапата имала чудна содржина на која чисто се гледало логото на Дарма . Сепак ова можело да се види само под дејство на ултравиолетови зраци и со целосна темнина ... Келвин му открил на Дезмонд дека Радзински бил тој кој почнал да ја прави мапата и кој дознал како можат да се прават лажни заклучувања (lockdown) . Самиот Келвин , откако неговиот партнер умрел продолжил во правењето на мапата , но бил многу поспор . Кога лажните заклучувања биле иницирани , веќе немало светлина за време на самите , па затоа авторите на мапата почнале да работат на „слепо“ . За да сето тоа можело да се види , морало тие самите да употребат разни детергенти со кои мапата конечно можела да се види (сепак освен детергенти се шпекулира дека се користеле и други супстанци...) . Лок ја видел оваа мапа за време на „Lockdown“ епизодата (четврток 21:00 А1) откако бил заробен под една од blast вратите . Серија на црни светла се уклучиле во моментот на заклучувањето , притоа покажувајќи му ја мапата на Лок !
Оваа мапа имала две копии . Едната била на Англиски и од неа се дознале многу работи , а другата била на Латински од која пак сеуште не се дознаени некои нешта ! Се претпоставува дека на оваа Латинска мапа има некои важни цртежи и пишувања кои би можеле да откријат многу тајни ...

0 коментари:
Објави коментар