По 60+ гласови фрлени на анкетата за Dr. Linus, еве како изгледа најновата рејтинг табела…
Би рекол разочарувачки пласман на најновата епизода на оваа листа. Рејтингот е далеку од заслужен. Епизодата заслужува да се најде во близина на Lighthouse според мене… Но, што е тоа е, ако така мисли мнозинството, тогаш не можам да се противам.
Ова е пак рејтингот на епизодите од шестата сезона:
Неколку работи вредни за спомнување:
- Sundown засега има најмногу гласови од сите епизоди добиено на својата анкета (вкупно 73). По некои мои критериуми, и ова е показател за тоа колку одредена епизода предизвикува внимание по своето прикажување… што е секако позитивен фактор!
- Споредено со рејтингот од интернационално-прочуениот Lost блог DarkUFO, овдешниот рејтинг се разликува толку многу, што некој ќе си помисли дека ние тука гледаме некоја сосема поразлична серија. На пример, таму, на прво место според рејтинг од новата сезона е The Substitute, па после следува LA X, па Dr. Linus, па Sundown, па Lighthouse и секако на крај What Kate Does… Ова е барем за мене многу чуден податок, но претпоставувам дека фановите низ светот имаат многу поразличен вкус од македонските…
- Од сите досегашни епизоди од шестата сезона, единствено премиерата (LA X) се наоѓа во топ 10 листата. Следствено на ова, само две епизоди имаат над 4.60 рејтинг (гореспоменатата и Lighthouse).
Рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4.59
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.31

0 коментари:
Објави коментар