Во вчерашното издание на македонскиот „Кој сака да биде милионер?“, еден млад дечко доби прашање ТОКМУ од „нашата област“ за сигурносната сума од 125.000 денари, која е секако достапна на 10-тото од вкупно 15-те прашања во овој мегапопуларен квиз. Прашањето кое му беше поставено беше следново:
Кој ја игра улогата на Др. Џек Шепард во хит-серијата „Изгубени“?
Како можни одговори беа понудени следниве актери:
А: Тери О’ Квин
Б: Мајкл Емерсон
В: Џош Холовеј
Г: Метју Фокс
Типот на кому му беше поставено ова прашање, најпрвин кажа оти НЕ СЛЕДЕЛ ПОПУЛИСТИЧКИ СЕРИИ од типот на Изгубени. Иако се сомневам дека ова е вистина, бидејќи истиот тој дечко кој го кажа ова, за само три секунди „на среќа“ одлучи да го заокружи БАШ точниот одговор (Метју Фокс, секако!), сепак ваквата изјава треба да се сфати не како навреда, туку како пофалба. Имено, цело време на блогов слушам коментари од типот на тоа како Lost не е воопшто гледана серија, кај нас и во светот. Ете, очигледно за дечково вистината била сосема поинаква! Колку за информација: на крајот истиот овој дечко не успеа да го погоди 12-тото прашање, па си замина дома со погоре споменатите 125.000 денари, кои, како што веќе констатиравме му ги загарантираа нашите Изгубенковци…
За жал, немам видео од оваа случка, но ќе се обидам некако да го набавам истото. За оние кои сакаат да ја видат репризата на вчерашното шоу, истото ќе можете да го проследите во 13:20 часот на фрекфенциите на А2 телевизија.
Ако се прашувате и што сега ако ова се случило… па, ништо! Но, ете, едноставно чувствував потреба да се пофалам! Му благодарам на Трендо и целата екипа која стои зад квизот што ми овозможи да се чувствувам гордо и изгубено вчера!

0 коментари:
Објави коментар