Искрени честитки до вчерашните големи изгубени победници на Оскарите 2010 – Еванџелин Лили, која е дел од екипата на филмот победник The Hurt Locker (кој освои цели 6 оскари!) и Мајкл Гјачино, кој го доби оскарот во категоријата за најдобар саундтрак за “Up” (претходно победи во истата категорија и на престижните Golden Globes, ако се сеќавате!).
Искрено, не ми се допадна воведот на The Hurt Locker, ниту пак верувам дека ќе ми се допадне целосно филмот, но како и секогаш не сум воопшто изненаден што на Оскарите победи филм кој јас едвај би успеал да го изгледам… После ова, дефинитивно ќе морам да се измачам и да ги догледам преостанатите два часа од Hurt Locker, но доволен показател е фактот што после 20 минути, филмот ми здосади па се зафатив со друга работа. Значи, според мене, наградата не е заслужена, но кој сум јас да им се спротивставувам пак на големите филмски критичари!?
Мојот миленик District 9 не зеде ниту една поважна награда, а Avatar едвај 3 (вклучувајќи ја нормално и онаа за најдобри визуелни ефекти)… За мое големо изненадување Up in the Air на Клуни остана со празни раце. Не дека ми е жал, ама очекував барем нешто да добие.
Сите победници можете да ги видите тука.
П.С. Мајкл Гјачино сега во својата колекција има и Еми (со Lost од 2005-тата година), и Златен Глобус (со Up од пред 2 месеци) и ОСКАР (исто така сo Up) во категоријата за најдобар саундтрак. ИМПРЕСИВНО!!!

0 коментари:
Објави коментар