понеделник, 11 јануари 2010 г.

МТВ живнува, А1 се’ уште си е А1

Како што веќе бевте известени уште минатата недела, утре на А1 ќе биде конечно прикажана премиерата на петтата сезона на Lost. За некои ова е добра вест, но за мене – ништо посебно. Кога една наша телевизија ќе откупи некоја серија ПРЕМИЕРНО, додека истата се прикажува и во САД (нешто кое се позачестено се случува во Бугарија, Хрватска, а за Грција воопшто и да не збориме!), е тогаш ќе кажам дека заслужиле аплауз.

Нејсе, најважно е дека сега фановите на Lost кои не беа во можност да ја симнат петтата сезона досега, ќе имаат можност истата да ја изгледаат на А1 во наредниве 17 недели. Ве очекуваат 17 возбудливи часа акција, мистерија и многу, многу одговори на многу ваши прашања… за разлика од минатите сезони кога имавме повеќе прашања! Бидејќи наскоро започнува шестата сезона на Изгубени, оние кои ќе ја следат петтата сезона на А1 ќе можат да дискутираат за истата (доколку сакаат и имаат време секако) на форумот.

Вторник, 21:30
Вторник, 21:30, A1

ВТОРНИК, 12.01.2010, 21:30 (А1 ТВ)
Because You Left (5×01)

Премиерата на петтата сезона е 87-мата епизода од серијата, за првпат прикажана на 21. јануари 2009 година, на ABC.

Џек и Бен се обидуваат да ја соберат заедно старата дружина од Островот (Oceanic Six) за да се вратат на Островот, додека пак преживеаните кои се останати на Островот ќе започнат да доживуваат чудни патувања низ времето по „поместувањето“ на истиот.

Повеќе тука: http://forum.lostmk.com/forum-f4/topic-t316.htm

Но, она што изненадува во последниве неколку денови, не е неочекуваното појавување на Изгубени во програмата на А1, туку уште пошокантните новости кои ни ги понуди нашиот јаден, односно јавен сервис МТВ! Не знам колкумина од Вас се известени, но од некоја непозната причина луѓето кои работат во оваа телевизија се одлучиле да откупат неколку серии и реални шоуа, од кои најголема вест е откупувањето на The Wire (Прислушкувачите), серија која критичарите ја имаат прогласено за најдобра.

Во истата има настапувано и Мајкл Емерсон (Бен), кој дури и добил ЕМИ награда за својата улога!

The Wire (Прислушкувачи)

The Wire (Прислушкувачи) е полициска драма/акција прикажувана на ТВ каналот HBO составена од пет сезони со вкупно 60 епизоди (по 12 секоја), прикажувани од 2. јуни 2002 па се до 9. март 2008. Креатор, продуцент и сценарист на самото шоу е поранешниот полициски офицер Дејвид Симон.

Секоја сезона на The Wire се фокусира на различни аспекти од животот во градот Балтимор. На пример, во првата сезона, серијата примарно се задржува на трговијата со дрога, во втората со пристанишниот систем, во третата со градската влада и бирократијата, во четвртата со училишниот систем и во петтата со локалните медиуми. Екипата на серијата генерално се состои од актери кои не биле воопшто прославени со своите претходни улоги.

Секој вторник, среда и четврток на МТВ1 во 22:00! Премиера утре!!!

Повеќе информации тука: http://forum.lostmk.com/forum-f12/topic-t568.htm#8115

Тоа е тоа за денеска. Чувствувајте се слободни за да прокоментирате на една од погорните две теми: премиерата на петтата сезона на А1 и премиерата на The Wire на МТВ!

Кој според Вас треба да добие бел, а кој црн бумбар!? :) ))

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)