понеделник, 25 јануари 2010 г.

Уште само една недела до премиерата!

Не делат уште седум денови и еден час до идниот вторник, денот кој го очекуваме со нетрпение уште од минатиот мај! Со оглед на тоа што времето се’ повеќе се наближува, се чувствувам приморан да Ве известам што треба да очекувате на овој блог во наредниве месеци за кои ќе трае шестата и, за жал, последна сезона од Изгубени.

1. Линкови за LIVE STREAM
Традицијата која започна при крајот на минатата сезона, ќе продолжи и оваа. Подгответе се драги мои фанови на Lost на 16 непроспани среди по ред! Како што верувам дека веќе имате на ум, епизодите на Изгубени по наше локално време започнуваат во 03 часот на сабајле (вторник наспроти среда), бидејќи тоа по Американско време е 21:00 навечер во вторник. Минатата година, кога се прикажуваше финалето на петтата сезона беше забележан масовен „одзив“ на блогери и фанови на блогов и покрај тоа што истото се прикажуваше во раните утрински часови… Се надевам дека такво нешто ќе се повтори и оваа сезона!

2. Линкови за симнување на епизодите
Продолжува и оваа традиција која ја започнавме уште пред две години… Како и секогаш, на блогов ќе можете да ги пронајдете најдобрите и најбрзите Rapidshare линкови и торенти за новите епизоди и сето тоа на само 2-3 часа по официјалното прикажување на епизодата. (или со други зборови, секоја среда наутро!)

3. Анкети за епизодите
Ќе може да ги коментирате новите епизоди на посебен пост и, секако, да ги оцените! Истовремено, размислувам за отворање и на нов блог, наменет посебно за анкети, каде што сите ќе имате можност да давате идеи за прашања и соодветни одговори…

4. Теории
Се’ уште не се откажувам ниту од оние огромни постови кои речиси никој и да не ги чита! :) Теориите дефинитивно ќе бидат достапни на блогов, но едно нешто за кое размислувам е дали да ги „разделувам“ на повеќе делови, т.е. на повеќе посебни постови или да ги поставувам на еден СТРОГО одреден ден… Патем, ако некој е расположен за теоретизирање во врска со последната сезона, па макар и да станува збор за една проста теорија – слободно нека се пријави! Вашето мислење, доколку е доволно издржано, ќе биде со сигурност поставено на блогов.

5. Оставам простор и за Вас, да кажете ШТО ВИЕ ДОПОЛНИТЕЛНО БИ НАПРАВИЛЕ доколку сте администратор на овој блог? Дали имате некоја идеја, замисла, или слично?! Слободно искажете си го својот став… ;)

Поздрав до сите и… знаете како велат – времето работи за нас! :)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)