Ете, и тоа чудо го доживеавме. Во Македонија да се продава книга за Lost!
„Хрониките на Изгубени“ - достапна во Матица за само 200 денари!
Во скопската книжарница „Матица“ од неодамна е достапна за купување “The LOST Chronicles” – книга која била издадена во 2005-тата година и во која ќе може да прочитате неколку интересни работи поврзани со почетоците на серијата. Имајте на ум дека ова всушност е ОФИЦИЈАЛНАТА книга за првата сезона, во која ќе можете, покрај многуте други забавни работи, да пронајдете и интересни интервјуа со Џ.Џ. Абрамс, Џек Бендер, Демон Линделоф, Карлтон Кјус… и многу, многу други познати фаци од екипата на Изгубени.
Еве што има Lostpedia да каже за книгава:
„Кога Изгубени дебитираа на ABC минатата есен гледачите беа веднаш „заробени“ од страна на самата серија.
На непознат остров некаде во Јужниот Пацифик, 48 преживеани во авионска несреќа ќе бидат приморани да се соочат со тешкото време, пронаѓањето храна, а понекогаш и со самите себе. Некои паничат. Други се надеваат на спас. Трети пак дознаваат некоја своја светла страна која не биле свесни дека ја поседуваат. Но, Островот крие многу тајни и закани со кои 17-те милиони гледачи епизода по епизода се запознаваат се’ повеќе и повеќе. “The Lost Chronicles” („Хрониките на Изгубените“) е мора-да-се-има книгата за сите овие фанови. Во овој прирачник ќе пронајдете детални информации за епизодите од првата сезона, behind-the-scenes поглед на правењето на шоу, интересни анегдоти и мислења дадени од страна на актерите, сценаристите, па дури и самиот извршен продуцент/креатор на Изгубени – Џ.Џ. Абрамс – кој читателите нема да го пронајдат никаде на друго место.“
Доколку ја купите книгата Ви следува и бонус DVD на кое се ставени избришани сцени од првата сезона, како и неколку интересни клипови од типот на “Welcome to Oahu“, “Designing a Disaster“…
И сето ова за само 200 денари!!! Верувајте ми – вреди да се има ако сте големи фанови!
П.С. Јас веќе си ја купив книгава.
П.П.С. Им благодарам на Надежна и Наум што ме известија за ова.

0 коментари:
Објави коментар