04:15 наутро. Не можам да заспијам и не можам! Тешко мене ќе биде од задутре. Но, знаете како велат во филмовите, јас сум човек кој живее само и САМО за МОМЕНТОТ!
Како и да е, поентата на постов не ми беше губење време за пишување на рандом факти и работи од обичниот живот, туку за да Ве известам дека Мајкл Емерсон уште еднаш не успеа да добие ЗЛАТЕН ГЛОБУС! Во неговата категорија (за најдобар спореден актер од серија), наградата ја зеде Џон Лајтгоу од Dexter. Она што треба да ги израдува фановите на Lost е победата на Мајкл Гјачино во категоријата за најдобар саундтрак од филм – за изработените композиции за анимираниот филм Up, кој моментално води на листата на победници со две освоени статуетки (претходно споменатата за саундтрак, како и онаа за најдобар анимиран филм!).
Знам дека не е изненадување, но се чувствувам одговорен да ве известам дека повторно Mad Men си ја земаа наградата за најдобра серија. Каков шок!
П.С. Едно големо „уаааааааа“ за победата на Up in the Air во категоријата за најдобро сценарио! Авторите на District 9 можат слободно да ги тужат одговорните за кражба!!!
UPDATE
Без поголеми изненадувања во „најголемите“ категории: Avatar на James Cameron триумфираше во категоријата за најдобра драма, додека пак The Hangover заслужено си ја зеде статуетката за комедија.
Од актерските категории: најдобар актер во филм/драма – Џеф Бриџис (Crazy Heart), најдобра актерка во филм/драма – Сандра Булок (The Blind Side), најдобар актер од филм/комедија – Роберт Дауни (Sherlock Holmes), најдобра актерка во филм/комедија – Мерил Стрип (Julie & Julia),
Во категоријата за најдобар режисер победата си ја однесе Џејмс Камерон…
Сите добитници на награди можете да ги видите тука…

0 коментари:
Објави коментар