Еве едно интересно видео од The Onion кое им го препорачувам на сите големи (и мали) фанови на Изгубени…
Иако водителите малку ми се премногу антипатични и саркастични за мој вкус, појавата на Демон Линделоф и Карлтон Кјус целосно го спаси клипов од пропаст. Посебно коментарот на Карлтон дека по третата епизода од шестата сезона ние, фановите, ќе полудиме како никогаш досега поради Lost!!!
Знам дека видеово треба да се сфати како пародија на нашите сфаќања и преувеличувања на се’ што се случува и е поврзано со серијата, но сепак, јас веќе си го сетирав алармот на мобилниот за третата епизода!
Што мислите Вие за видеово, како и за пораката од истото?!
П.С. Им посакувам среќно второ полугодие на сите ученици…

0 коментари:
Објави коментар