Како што и насловот Ви кажува, постов ќе го искористам за мала рекламна кампања. Знам дека сите мразите реклами, но овие ќе бидат добредојдени за фановите на Изгубени!
Во текот на наредниве три недели планирам маратонски да завршиме со повторното гледање на преостанатите три сезони (трета, четврта и петта) од Lost. Очекувајте секој ден нови постови на форумот. Покрај ова, официјално изјавувам дека од утре се враќам на форумот. КОНЕЧНО! Не дека на некој му фалев, бидејќи нема живо „пиле“ таму, но јас важно да си кажам…
Во меѓувреме, морам да ве потсетам исто така утре да не го пропуштите третото од четирите специјални изданија на медалот на честа. Претходните две се достапни тука и тука…
И колку да не ве оставам со празни раце и полн џеб (празни) ветувања – еве една убава вест за фановите на Изгубени од Холандија кои ме посетуваат (if any): последната сезона на серијата ќе започне да се прикажува по само три дена од премиерата во САД. Првата (двочасовна) епизода ќе биде прикажана на 5ти февруари (петок) на каналот Net 5. По ова, сите нови епизоди ќе се прикажуваат исто така секој петок, со почеток во 22:30 на горенаведениот канал.
Така е тоа во светот. Кај нас пак, се’ уште се чека петтата сезона…

0 коментари:
Објави коментар