четврток, 14 јануари 2010 г.

Разочарување!

Демон Линделов:- Нема да објасниме што е Островот.

Интервју со Digital Spy:

Демон Линделоф призна дека фановите на Lost нема да добијат одговори на прашањата за Островот.

Претходно, извршниот продуцент им ветуваше на фановите дека ќе добијат повеќе одговори за серијата во премиерата на шестата сезона отколку во сите пет сезони претходно.

Како и да е, Линделоф вели дека овие прашања нема да бидат поврзани со митологијата на Островот.

„Има одредени прашања кои навистина ме бунат, како на пример, ’Што е Островот?’, или ’Кое е значењето на бројките?’“, вели тој за SFX.

„Ние значително ќе ви ги појасниме нејаснотиите околу бројките во последната сезона, но кој одговор би можел да биде потенцијален за ’Што значат бројките?’“

Тој додава: „Островот е место. Јас не можам да ви објаснам зошто патува низ времето, едноставно патува. Мора да го прифатите тоа.“

„Значи ние имаме намера да ви ги одговориме големите прашање, но што се однесува до прашањата поврзани со самиот Остров, ќе има прашања кои ќе останат неодговорени и по крајот на шоуто.“

Иако е прерано за да се дискутира на оваа тема, сепак би рекол дека е по малку разочарувачки пристапот на продуцентите во однос на можеби и најважното прашање кое ги преокупира фановите на Изгубени. Верувам дека ако сакаат, Дарлтон можат да ни одговорат на погорното централно прашање од митологијата на шоуто, но веројатно сакаат да ја задржат мистеријата која на прво место и не навлече на LOST. Како и да е, пак ќе кажам дека е прерано за да се дискутира на оваа тема.

Очекувам ваши коментари.

П.С. Ако се сеќавате, слични најави имаше Линделоф и за бројките, а сега се чини дека истите ќе ни бидат одговорени!

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)