среда, 13 јануари 2010 г.

Дознајте се за Изгубени преку смеа…

Најпрвин им се извинувам на сите фанови на Изгубени од Македонија кои вчера ја чекаа премиерата на петтата сезона на А1. Се испостави дека сепак, истата, ќе биде прикажана идниот вторник наместо овој. Вчера, како што веќе знаете беше прикажано клип-шоуто “Destiny Calls“, во која ретроспективно имавте можност да ги видите настаните од минатите четири сезони. Иако грешката не беше од моја страна направена (сепак, никаде, дури ни на сајтот на А1 немаше информација што точно ќе биде пуштено!), сепак чувствувам вина која се надевам дека ќе ми ја простите! :)

Со оглед на тоа што во последниве неколку денови повторно нема многу вести за Изгубени (ова е очигледно последното затишје пред бурата наречена премиера!), се одлучив да поставам неколку забавни клипчиња кои исто така ќе ве потсетат на настаните од сите минати сезони од LOST. (а и ќе насмеат во меѓувреме!) Уживајте!

LOST: Untangled special

LOST in 8:15

Поздрав до сите и Среќна Стара Нова Година!!! :)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)