Во последно време во мода се некои ново-измислени-дебилни-пораки за „среќна и бериќетна“ Нова Година. Еве што добив јас на пример од еден пријател на Фејсбук како Новогодишна честитка во мојот драгоцен “inbox”:
Во 2010 очите да ти светат како на Шехерезад, да имаш пријателка како Бену, некој да те сака како Онур, да бидеш мудра како Надинан, некој да те сонува како Керим, да не бидеш злобна како Фусун, пази да не наеб*ш како Гансел. На крај ти посакувам бајката од 1001 Ноќ да ја живееш со некој како господин Бурхан!
Инспириран од оваа неинспиративна порака, еве и јас составив една за Lost!
Во 2010 ти посакувам да владееш со светот како што Џејкоб и неговиот непријател владеат со Островот, да си фатиш девојка како Ката/дечко како Соер, да бидеш постојано насмеан и расположен како Харли, да знаеш да се снајдеш во било каква незгодна ситуација како Бен, да бидеш добродушен како Џек, да не се заморуваш премногу со Физика како што тоа го прави Фарадеј, да правиш убави макети како Алперт, да си ги почитуваш ближните како Дезмонд што си ја почитува својата сакана и единствена Пени и секако да лупаш по атомски бомби како Џулиет!
Одлична Новогодишна честитка, зарем не? За жал ќе мора да почекаме до наредната година за да ја рашириме… сега не е повеќе „тренди“, поминаа празниците… Тоа не значи дека не смеете, ако немате попаметна работа, да ја искористите поракава!
Патем, кога сте веќе на блогов, еве една интересна реклама со харизматичниот Хорхе Гарсија (Харли):

0 коментари:
Објави коментар