Во вчерашното издание на Jimmy Kimmel Live продуцентите на Lost, Демон Линделоф и Карлтон Кјус официјално потврдиле дека финалето на серијата ќе се случи на 23 мај, недела. Исто како и премиерата, и финалето ќе биде тричасовен специјален настан!
LOST: The Series Finale Event
Sunday, May 23, 2010
8:00pm “Lost: Recap Special” (working title)
9:00-11:00pm “LOST: The Finale” (Two-Hour Series Finale)
Не знам која е причината што финалето ќе биде в недела, наместо во обичниот термин на Изгубени, но претпоставувам дека главната помисла е оти во недела има повеќе ТВ гледачи, отколку среде работна недела?! Исто така, ми падна на памет и ова да е намерно направено, со цел финалето да биде прикажано на датум кој содржи барем една мистериозна бројка (ако не забележавте, 23/05 е!).
Патем, кога сте веќе на блогов, еве (уште) една вест за славење. Покрај одличната премиера која ни ја понудија сценаристите денеска, Lost можат да се пофалат и со ИЗВОНРЕДЕН рејтинг! Вчера, Изгубени беше најгледаната серија во таргет групата од 18-49 години добивајќи 5.6 просечен рејтинг во двата нови часа од серијата. Истовремено, клип-шоуто и „дишеше“ во врат на најгледаната серија во САД – NCIS, губејќи за само 0.2 рејтинг поени во таргет групата. Инаку, овогодинешната премиера е за 10% погледана од минатосезонската. 12.1 милион гледачи и 5.6 рејтинг (оваа година) наспроти 11.4 милиони гледачи и 5.0 рејтинг (минатата година)! Малку серии можат да се пофалат со зголемување на гледаноста, а уште помалку тоа можат да го сторат во својата шеста сезона…
Со еден збор – Lost is a BEAST!
П.С. Потсетување да гласате на анкетата за премиерата.

0 коментари:
Објави коментар