Благодарение на Зимските Олимписки Игри, следната четврта епизода од шестата сезона ќе ни пристигне за два часа порано. Истото нешто се очекува да се случи и со петтата епизода, идниот вторник.
Првото официјално прикажување на четвртата епизода ќе се случи во 19:00 часот в вторник по Канадско време на A каналот, два часа порано од 21:00. Оваа сезона правата во Канада ги има откупено CTV телевизија, но како што спомнав претходно, заради ЗОИ идните две епизоди од Lost ќе се прикажат на нејзиниот сестрински канал, во сосема нов термин.
Што значи ова за фановите на Изгубени во Македонија?
Накусо објаснето – се’ ќе биде за два часа порано достапно – почнувајќи од стримот па се до торентите/линковите за симнување!
Ова значи дека за првпат гледањето во живо на Lost ќе имаме можност да го проследиме во 1 часот по полноќ вторник наспроти среда (УТРЕ). Мора да се согласите дека ова е многу поприфатлив термин од 3:00. Сепак, сосема е возможно да се случи и некаков неочекуван лош развој на настаните па да останеме без LIVE STREAM утре вечер, доколку ниту еден Канаѓанец не испадне доволно паметен за да ни овозможи такво нешто. Токму затоа бидете на блогов ова време утре, за да дознаете каква точно ќе биде „програмата“ тука.
Во случај да нема пренос во живо од четвртата епизода во 1 часот наутро, очекувајте да видите торенти и линкови за симнување на истата епизода околу 2:30 – 3 часот утре по полноќ!
Останете ми поздравени со една убава песна од U2.

0 коментари:
Објави коментар