Ова се теории на македонскиот блогер Мики, познат под псевдонимот Измамник.
http://con.blog.mk
>Лок во алтернативниот универзум.
Епа ајде и јас да почнам со пишување теории…Ќе започнам со овој дел од феноменалната епизода. Значи незнам дали забележавте но Лок некако многу чудно се понашаше во овој алтернативен универзум. Како прво, Лок станал голем НЕверник, тоа може да се забележе во неколку моменти од епизодата како на пример во разговорот со Хелен во врска со посетувањето на клиниката на Шепард, или пак кога кажа дека не верува во чуда, значи Џон веќе не верува во СУДБИНА. Ова и до некаде е разбирливо, но неможев никако да го сватам моментот како Лок лесно го прифати предлогот на Роуз да бара друга работа, а при тоа да не го каже фамозното: Не ми кажувај што не можам да направам. На Лок му се случуваат неверојатни работи во мал временски период, на пример беше отпуштен а одма потоа го сретна Харли кој му понуди одличен предлог, мислите дека ова е случајност…не не не…Судбина пријатели…Но Лок го прифаќа фактот дека е во количка и не сака да го промени, па на крај го сретнува Бен. Сето ова ми е чудно бидејќи само недела порано, додека беше во Австралија беше многу повеќе решителен и голем верувач…Како би го објаснил сето ова, појма немам но мојот мозок размислува дека Лок е променет исто како и останатите преживеани кои безбедно ги поминаа турбеленциите. Сума сумарум, единствена разумна теорија ми е оваа, значи кривец се турбуленциите, истите оние кои го срушија авионот на островот, и повторно сега во негативна смисла делува, така што тотално го смени карактерот на Џон Лок.
>Мртвиот Лок е закопан
Илана го собира „правот„ од штотуку умрениот џејкоб. Чудно! Таа најверојатно би го употребила правот против чудовиштето како одбрана(исто како и Бред во премиерата). И повторно го видовме Бен како лаже, но затоа пак во исто време ја откри својата кривица за смртта на Лок. Е сега не мислев да ви ја прераскажувам епизодата тука да стасаме до разговорот меѓу Илана и Бен додека го носеа телото на Лок да го закопуваат. Да, прегледајте го тој разговор уште еднаш… Мојата теорија гласи дека: Илана и компанија го носат телото на Лок да го закопуваат бидејќи ако телото е закопано, Есау нема да може да влезе во него. Е сега тука е проблемот, како што заклучив Есау неможе да влезе во закопани мртви тела(Лок, Кристијан и Јеми не беа закопани кога Есау влезе во нивното тело) но тој е веќе влезен во мртвото тело на Лок(во моментот на влегување не бил закопан), кој ќе го закопуваат Илана и компанија.Заклучокот е дека тие го закопуваат Лок ЗА ДА НЕМОЖЕ ЕСАУ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ТЕЛОТО НА ЛОК И ДА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ДРУГО ТЕЛО. И уште нешто што е интересно, Дали го забележавте ракот кој се движеше по главата на Лок, сигурен сум дека сето ова не е случајно туку е направено со предумисла и е планирано да се искористи во наредните епизоди.
>Верниот Ричард!
Овој дел некако ми остави посебен впечаток, незнам зошто, но Ричард не сакаше во никој случај да му се придружи на Есау, иако неговиот говор делуваше баш убедувачки. Сега за сега Есау не го сметам за негативец, исто како и било кој друг лик во лост за кој порано сме сметале дека е негативец(Бен на пример, или Лок), бидејќи има цврста причина да го прави ова што го прави(или некој би кажале-убива)…Ричард не му се придружи…Но зошто до сега Џејкоб не му кажал ништо на Ричард за „кандидатите“ па мора тоа да го дознава од Есау. Затоа што ни Џејкоб не е светец како што ние мислиме, односно ниту Есау не е негативец како што мислиме, едноставно во лост нема добри и лоши ликови. Единствена теорија за непридружувањето на Ричард кон Есау е можеби тоа што Ричард претпоставува дека Есау ќе направи нешто лошо, ШТО ЈАС ПРЕТПОСТАВУВАМ ДЕКА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО НАРЕДНАТА ЕПИЗОДА, така да очекувајте го неочекуваното.
>Mистериозното момче
Сите го видовме, но ниту еден од нас не знае кој е тоа момче кое го предупреди Есау за правилата. Многумина од вас претпоставуваат дека тоа е Џејкоб на мали години, НО јас тотално НЕ се сложувам со вас. Еве ја мојата теорија: Есау е мртов веќе подолго време, но како поранешен чувар на островот има „привилегија“ да влегува во останатите мртви тела. Сега откако го уби и Џејкоб со пронаоѓањето на „дупка“ во правилата, имаат борба, и победникот од таа борба добива шанса за ВИСТИНСКИ ЖИВОТ. Мистериозното момче е всушност некој умрен лик од минатото, кој Џејкоб го користи бидејќи не е закопан, за да влезе во него и да ја продолжи борбата против Есау. Но во меѓувреме му соопштува дека не игра според правилата, а тие правила се дека не смее да вмешува и останати преживеани во нивната борба, а Есау штотуку го искористи Соер, за да му помогне да добие Вистински Живот. Есау е влезен во телото на Лок, а Џејкоб во Саид(заборавивте можеби од претходната епизода, дека не го помина тестот)
>Соер и Есау…
Премногу очигледно е дека Есау манипулира со Соер, а тој скршен од губењето на Џулиет му поверува во секој збор на Есау. Да и јас мислам дека Есау го користи Соер за да стигне до неговата цел, а не за да му помогне, но во никој случај не мислам дека ќе го убие. Е сега прашањето е за што го користи, т.е како што кажа Илана, за што регрутира членови. Многу просто, за да замине од островот…али како. Според мене, кој од овие двајца(Џејкоб и Есау) ќе собере повеќе во својата група тој ќе го добие својот ВИСТИНСКИ ЖИВОТ. Но интересен беше моментот кога Соер му впери пиштол на Есау, и го психолошки го тестираше. Дали навистина телото во кое е влезен Есау и да биде убиено, тој ќе продолжи да бара нови тела кои ќе можи да ги искористи. Но ако мојата претходна теорија е точна дека, значи и Џејкоб после смртта ќе мора да има некаква чудна форма(во случајот со Есау тоа е чудовиштето), па дали во наредната епизода тоа ќе ни биде откриено.
>Kандидати
Како прво, вредно за спомнување е фрлањето на белиот камен кој го симболизира Џејкоб, тоа значи дека темното преовладува на островот односно Есау е во голема предност, но ако мојата теорија е точна (дека и Есау е мртов), како тогаш ќе може да биде во предност кога и двајцата почнуваат од нула(бидејќи се умрени).Па така! Есау штотуку го придоби својот прв „регрут“ и е во голема предност врз Џејкоб, кој ќе се обиде преку Саид да ги придобие остантите, за да му се спротистави на Есау. Толку од тој дел, сега да преминеме на кандидатите. Ова беше најголемиот WTF од досегашниот дел од сезонава, а и поради фактот што бројките беа вмешани. Што се кандидатите? Есау го излажа Соер, тоа не се луѓе кои ќе го штитат островот, туку тоа се луѓето кои ќе можат да се користат во борбата меѓу Џејкоб и Есау. Е сега кој повеќе ќе придобие од нив, од тие што останаа(бидејќи многумина беа прешкртани) тој е победник…И уште тоталноспротивна теорија. Што ако сето ова што го кажа есау е точно, тоа значи дека Соер е еден од кандидатите за чувар на островот…Моја претпоставка е дека откако Соер го одби ова место, Саид(Џејкоб) ќе го намами Џек да дојде во пештерата и тој да го превземе неговото(Џејкоб) место. И ќе добиеме повторно дуел межѓу Соер и Џек, за тоа дали навистина вреди да се остане или да се замине од островот…

0 коментари:
Објави коментар