четврток, 18 февруари 2010 г.

Хинтови за алтернативниот универзум

За жал денеска не најдов доволно време за да напишам теории за последната епизода, па затоа еве еден краток, но се надевам интересен пост кој го посветувам целосно на алтернативниот универзум.

Од почетокот на премиерата па досега се чини дека сценаристите намерно ни прикажаа неколку сцени кои требаше да не сецнат барем за миг. Еве кои се тие…

МИГ #1 – We made it
Кој што сака нека каже, но она „успеавме“ кое Џек и Роуз си го разменија откако авионот ја преживеа фаталната турбуленција беше и Е премногу сомнително за да го ставиме под категорија „случајно“. Во Lost ништо не е случајно, па зошто би било и ова?!

МИГ #2 – Џек го препознава Дезмонд
Уште од моментот кога седна до Дезмонд, Џек знаеше дека нешто не е в ред. Знаеше дека некако, од некаде и некогаш, го знае Дезмонд. Бидејќи се работи за алтернативен универзум во кој многу нешта се променети, то ест никогаш претходно и не се случиле, не верувам дека Џек се потсетил на моментот на стадионот кога ќе си ја исчаши ногата, бидејќи овој момент веројатно НИКОГАШ се нема случено… барем не во овој „нов“ универзум.

МИГ #3 – Раната на Џек

Од каде Џек би добил таква рана во авион?! Не, логичари, патетично би било раната да ја добил како резултат на турбуленцијата! Истовремено, ако е тоа случајот, сценаристите не би се мачеле да ни прикажат ваква непотребна сцена, зарем не? Патем, кога сме веќе на оваа тема, морам да споменам дека раната е еден од оние мигови кои фановите ги занемарија од почетокот на сезонава… Мислам дека ова ќе ни биде објаснето наскоро, во идниве неколку епизоди…

МИГ #4 – „Ништо не е неповратно“ (разговорот помеѓу Џек и Лок во LA X)
Ова е повеќе сценаристички, отколку реалистичен хинт. Сепак, го ставам како дел од листава од едноставна причина што и порано се случуваше вакви наивни цитати да испаднат круцијални за приказната…

МИГ #5 – Кејт го препознава Џек додека бега од полицијата
Да, знам дека Кејт го виде Џек за првпат ВО авионот кога и му го украде фамозното пенкало кое тој подоцна ќе го бара, ама изразот на лицето и беше премногу длабок и збунет и едноставно врескаше дека таа доживува некаков вид на дежа ву… или барем јас добив таков впечаток!

Kate sees Jack (6x03)

Како што забележувате од досегашните четири епизоди, само последната (The Substitute) се чини дека немаше ниту еден момент со кој сценаристите ни наговестуваат некаков вид на „вкрстување“ помеѓу сегашната и алтернативната (или пак, ИДНАТА?) реалност… И после две гледања на епизодава јас не успеав да најдам ваков момент. Дали Вие можеби имавте среќа и најдовте хинт и во последната епизода?!

Па, што сметате Вие – дали ќе имаме вкрстување помеѓу алтернативната и нормалната реалност?! Што мислите за хинтовите од погоре? Дали ги сметате за валидни?

Како за крај само да ве поздравам и да ве потсетам дека теориите ќе бидат достапни за читање утре. ;)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)