Заокруживме уште еден успешен месец за Изгубени, прв од последните четири во кои ќе ја добиеме конечната разврска во серијата. Се чини дека на рејтинг листата месецов имаше многу повеќе изненадувања од претходно, а последното изненадување е секако импресивниот резултат кој Lighthouse го има – со 4,63 рејтинг – со што си обезбеди влез во топ 15 друштвото на епизоди од последните три сезони (почнувајќи од четвртата па навака). The Substitute исто така се искачи малку повеќе на листата и сега има 4,46 рејтинг, но сепак е далеку далеку зад LA X и последната епизода. Ова е дефинитивно најголемото изненадување за месецов, барем за мене. Очигледно е дека на блогов многу повеќе фанови преферираат епизоди кои имаат прво-сезонски филинг… или барем така ми се чини?! What Kate Does и понатаму останува (заслужено) на дното на табелата…
Рејтинг на епизодите од шеста сезона само:
Просечен рејтинг по сезони:
1) Петта сезона – 4.59
2) Четврта сезона – 4.52
3) Шеста сезона – 4.25

0 коментари:
Објави коментар