Секоја сезона од Изгубени носеше по некоја новост во начинот на преточување на приказната на малите екрани, а истото, би рекол сосема неочекувано се случува и во последната шеста сезона. Сите ние знаеме дека сценаристите обожаваат да си играат со сценариото на свој „извртен“ начин, така што можеби оваа промена и беше за очекување.
Сепак, како огромен фан од почетокот на шоуто, ова е единствената промена која не сум сигурен оти ќе ја прифатам така лесно. Во моментов сценаристите се наоѓаат во една многу опасна зона, од која што или ќе излезат како херои, или пак ќе останат засекогаш запаметени како луѓето кои успеаја да ја упропастат можеби најдобрата серија од минатата деценија – LOST.
Прашањето кое ќе ме мачи мене, а верувам и останатиот дел од фановите до крајот, е дали алтернативниот (или каков и да е!) универзум ќе има смисла на крајот од серијата, или пак ќе испадне дека бил воведен сосема непотребно – само со цел да се привлечат нови гледачи во последната сезона.
Досега, во изминатите три епизоди, имавме мали хинтови дека е возможно на крајот да се направи нешто кое ќе ги поврзе логички двата универзума, но реалистички гледано, ништо посериозно и не се случи во контекст на овој дел од приказната…
Сепак, мора да се признае дека дури и ако алтернативниот универзум си остане САМО алтернативен, ќе има некои сцени кои засекогаш ќе ги паметиме. Како на пример оваа (која всушност и ми е омилена од премиерата!!!):
Што мислите Вие на оваа тема?

0 коментари:
Објави коментар