Читателката Emily пред само неколку часа сподели со нас едно интересно видео, на кое можат добро да се забележат неколку (намерни?) грешки при „правењето“ на CGI-то за Статуата од Lost.
Се чини дека кој и да го правел видеото се помачил да најде макар еден милиметар разлика во сите досегашни појави на прочуената Статуа од Изгубени. Сепак, знаејќи дека фановите на Lost наоѓаат мистерија и онаму каде што истата е најмалку возможна, би рекол дека можноста да се работи за две различни статуи, како што претпоставува оној кој го направил клипот, е приближно еднаква на 0,108!
Како и да е, ме интересира Вашето мислење – дали мислите дека е возможно да има ДВЕ статуи на Островот?! Една на Флок, една на Џејкоб, можеби!?…
Поздрав до сите и Ви посакувам успешна и убава работна недела… во која ќе ни следува и уште една нова епизода од Lost!!!

0 коментари:
Објави коментар