Најнова информација – за среќа се’ помина добро во Хаваи!!! Екипата на LOST е ALIVE and KICKING, така што нема да има проблеми да се досними крајот на шестата сезона.
Update: цунамито ќе го погоди Хаваи во 11 часот по локално време, или околу 22 часот навечер по наше време. До тогаш, молете се се’ да испадне добро со Изгубените, но и со луѓето кои живеат таму… тоа е се’ што можеме и да направиме за нив во моментов!
Да се надеваме дека екипата на LOST ќе успее да го преживее овој црн ден!!!
Сирените се огласија уште в 6 часот наутро по локално време во Хаваи откако катастрофалниот земјотрес од 8.8 степени по Рихтеровата скала го погоди Чиле и сега претставува закана за можно цунами, со цел луѓето кои живеат близу до брегот на Пацификот да имаат време да ги напуштат своите домови пред тоа да биде предоцна…
Сегашните прогнози велат дека е можно да се случи цунами да го погоди брегот на Хаваи, чиишто бранови би биле околу 2 метри, повеќе или помалку големи… Покрај Хаваи, во опасност да бидат погодени од цунами се и бреговите на Пацификот во Канада, Русија, Јапонија, или поточно речено сите оние земји кои излегуваат на Пацификот.
Колку за потсетување, Хаваи е местото на кое што се снимаат Изгубените, а исто така тука се сместени и голем број од актерите во екипата на Lost…
Повеќе за оваа вест тука: http://edition.cnn.com/2010/WORLD/americas/02/27/chile.quake.hawaii/index.html

0 коментари:
Објави коментар