вторник, 2 февруари 2010 г.

Lost 6×01 во живо!

Update 05:45 - Ете, помина и последната премиера од Изгубени! Се надевам дека сите имавте одлична забава. :)
Update 02:55 – вклучувајте се што побрзо, за 5 минути почнува премиерата!!! Линкови и лозинки имате подолу. ;)

Конечно го дочекавме и овој ден! Паузата и официјално завршува за неполни 11 часови!

Како што бев ветил, оваа шеста сезона на блогов ќе можете да ги следите ВО ЖИВО епизодите од Изгубени! Се’ што треба Вие да сторите е да не заборавите да си го навиете алармот пред да започне епизодата (а истата започнува точно во 3 часот по полноќ, по наше локално време!) или пак едноставно да не заборавите да го испиете првото пред-утринско кафе. :)

Вечерва LIVE STREAM-от ќе започне уште во 2 часот по полноќ, но со оглед на тоа што ретроспективната епизода веќе Ви е достапна за симнување, се одлучив истиот на блогов да го започнам 30 минути подоцна, на точно 30 минути пред почетокот на премиерата. На тој начин се надевам дека никој од Вас нема да има можност да пропушти ниту секунда од долгоочекуваната премиера. Значи, сума-сумарум…

Почеток на премиерата – во 3 часот по локално време (завршува во 5 часот, бидејќи е двочасовна!)
Почеток на LIVE STREAM-от – во 2:50 часот

ПРЕПОРАЧАН СТРИМ!
http://veetle.com/viewChannel.php?cid=4b68c71dea811
Одличен квалитет – се’ што треба да сторите е да ја симнете и инсталирате апликацијата и после само кликате на Tune in now!

Сајт на кој ќе можете да ја следите премиерата
Лозинка: smokey

Алтернативен линк со стрим (работи и во моментов!)
Лозинка: tank987

Запомнете: на овој пост се дозволени коментари во врска со епизодата, но НЕ СМЕЕТЕ истите да ги распространувате по другите постови!…

И како за крај, легендарното прашање – дали ќе ја следите премиерата во живо?!

П.С. Линковите за симнување на епизодата ќе бидат постирани уште пред 7 часот сабајле… се надевам! :)

0 коментари:

Објави коментар

Google Translate

You can now translate this blog in just one simple step: - Choose your native language from the list, only if it's available in the box. If not, you can always choose English. Everyone knows English, right? ;)